Челниците на општинскиот комитет на ВМРО – Народна партија се задоволни од досегашниот тек на предизборната кампања во Охрид и воопшто во петтата изборна единица, и покрај тоа што, како што велат, дел од раководството на ВМРО – ДПМНЕ врши притисок на членството на Народна. Големата излезеноста на граѓаните при нашите посети на голем број градови и села е доволен показател дека ВМРО – НП ќе освои голем број гласови, рече претседателот Ванчо Костоски.

Тој обвини дека дел од најтресното партиско раководство врши политички притисок врз нивни членови и активисти, посебно во Кичево, Прилеп и Крушево и повика на прекинување на таквиот вид закани со цел што поуспешен и подемократски изборен процес.
Големиот митинг на ВМРО - Народна во Охрид е закажан за 29-ти мај во 21.00 часот на Градскиот плоштад во Охрид.


