Времето во Охрид
Partly Cloudy Sunny PM Showers
17C 23C 20C
Саб Нед Пон

My status

facebook_logo

Тепачка во дворот на ОУ "Григор Прличев"-полесно повредени двајца малолетници

Е-пошта Печати PDF
Нарушување на јавниот ред и мир се случи вчера во дворот на Основното училиште „Григор Прличев„ во Охрид. Притоа, двајца малолетници се здобиле со лесни телесни повреди.
Нарушувањето се случило  околу 13 часот и 45 минути кога во школскиот двор се сретнале две групи ученици од седмо и осмо одделение. Во едната група имало и двајца ученици во прва година од средното училиште „Св.Климент Охридски„.

При средбата, настанала меѓусебна вербална расправија по што  еден малолетник со пластична цевка го удрил неговиот врсник од другата група. Истиот се спротивставил и возвратил со удари со бокс по што настанала нивна меѓусебна тепачка со размена на повеке удари со раце и нозе здобивајки се притоа со огреботини по телото.

Со учениците, вчера во СВР Охрид, во присуство на нивни родители, извршен е разговор. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ке преземе натамошни соодветни мерки согласно Законот за малолетничка правда.