Времето во Охрид
Cloudy Cloudy Partly Cloudy
-5C -2C 0C
Вто Сре Чет

My status

facebook_logo

Нема изгледи таксито да поевтини

Е-пошта Печати PDF
Советот на општина Охрид пред 2 месеци/во пресрет на оваа туристичка сезона одлучи да го прифати барањето на таксистите  за поскапување на цената на такси превозот. Стартната цена во Охрид сега изнесува 50 ден, а за секој изминат км 30ден. Општината веќе 3 годони немаше воведено промена, а таксистите реагираа на стартната цена.

Задоволни од одлуката, такси возачите најавија ред со почитување на ценовникот и во текот на престојната летна туристичка сезона. Но по се изгледа дека и покрај законската регулатива, секогаш останува простор за манипулација со цените на таксито. Иако најголемиот дел возат по пропишаната цена, сепак има такви кои се осмелуваат да  ги злоупотребуват туристите и помалку запознаените мештани. Патниците кои однапред ги прашуваат таксистите колку изнесува до одредена локација може да поминат  незаборавно патување, но со  прилично олеснети џебови.
До Св. Наум беше 750, сега е 900. Тоа не е многу поскапо. Со оглед на тоа што моите месечни трошоци за одржување на таксито се околу 200 евра, јас не можам да возам со загуба како досега”- е ставот на еден таксист.
Можеби сега се возат помалку, но сепак ние ги вадиме истите пари. Веројатно цехот го плаќаат Охриѓани бидејќи цените се повисоки, но тука не можеме да помогнеме. Од министертството за транспорт бараат една цена за таксито во секоја општина. “ – вели такси возач.

Аргументот на таксистите за поскапување на цената на такси превозот во Охрид беше порастот на цените на бензинот во април. Но бидејќи цената постојано варира, можеби ќе имаат среќа добро да се офајдат/