Времето во Охрид
Partly Cloudy Sunny PM Showers
17C 23C 20C
Саб Нед Пон

My status

facebook_logo

Куршум за Чаплин

Ова се случило во 1924 година, во златното време на Холивуд. Тоа е период што го одбележа активното вклучување во филмската индустрија на медиумскиот магнат Вилијам Рандолф Харст. Моќниот бизнисмен поседувал голем број акции во познатото “Метро Голдвин Маер”, а имал значително влијание и во останатите филмски компании.

caplin
Таквиот статус му дозволувал при склучувањето на продуцентските договори да бара во проектите да биде вклучена и неговата љубовница Мерион Дејвис. Но, кога Харст разбрал дека таа се гледа со славниот комичар Чарли Чаплин, почнал да го јаде црвот на љубомората, па решил да преземе нешто.

На својата луксузна јахта организирал  забава на која повикал десетина гости, меѓу кои и “осомничените” Мерион, Чаплин и режисерот Том Инс.
За време на крстосувањето, Харст будно ги следел гулапчињата, па ги фатил во едно осамено катче под палубата. “Двајцата ќе ве убијам” – урлал и го извадил пиштолот. На ова викање дотрчал Инс да види што се случува. Тогаш, Харст ја остварил заканата, но куршумите наменети за Чаплин и Дејвис завршиле во телото на несраќниот Инс.
Телото на режисерот тајно било префрлено на брегот,а во извештаите стоело дека починал од срцев удар.

Следното утро изданието на “Лос Анџелес Тајмс” одамнало со наслов Режисерот Инс застрелан на јахтата на Харст, но само по неколку часови било повлечено од продажната мрежа. Списанието “Лос Анџелес Егзаминер” инаку во сопственост на Харст, го потврдило срцевиот удар на Инс, а во второто издание Тајмс го потврдува натписот во Егзаминер. Ете колкаво било влијанието на Харст.